Познато колку родители се казнети за невакцинирање на децата
Државниот санитарен инспекторат објави дека годинава досега 20 родители се пријавени прекршочно поради невакцинирање на своите деца.
Од нив, 11 завршиле на суд а останатите платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра.
Во меѓувреме постојано расте бројот на заболени со морбили и досега има над 900 заразени. Епидемиолозите се загрижени што поголемиот број од новорегистрирозаболените со мали сипаници се од внатрешноста.
Од таму велат дека не е исклучена можноста на Комисија за заразни болести да биде прогласена епидемија во цела држава.
Во Скопје има над 12.000 вакцинирани деца од прогласдување на епидемијата а во другите градови има голем број на невакцинирани.
Дури 10 проценти од регистрираните случаи се лекари и медицински сестри кои заболеле од мали сипаници на работните места. Најголем број од нив се од Клиниката за детски болести.
