Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато колку ќе биде платен Мехмед Сефери, новиот адвокат на Никола Груевски

Познато колку ќе биде платен Мехмед Сефери, новиот адвокат на Никола Груевски

За разлика од вртоглавите суми кои поранешниот македонски премиер Никола Груевски ги издвојуваше за своите неколкумина профилирани адвокати кои го бранеа за повеќе случаи пред да избега и да добие азил во Унгарија, бранителот Мехмед Сефери, назначен по службена должност за предметот „ТНТ“, е многу поскромен во поглед на трошоците и дополнително - него го плаќа државата.

Судијата Огнен Ставрев го назначи Сефери по службена должност а ќе добива 1.500 денари од рочиште за кривична постапка.

Дневницата на Сефери е според одредениот судски ценовник.

Слично

Поврзани вести