Познато колкаво обештетување бара семејството на Саздовски од убијците
Семејството на навивачот Никола Саздовски кој беше претепан до смрт на автобуска станица во скопска Автокоманда пред својата девојка бара 10 милиони денари како обештетување од обвинетите, потврди адвокатот Ванчо Шехтански.
Неговите најблиски веќе поднеле барање за отштета за претрпената загуба по смртта во јуни. Од Бесир Беља се бараат 5 милиони денари, а исто толку и од Скендер Демири, додека Јетон Љужа е во бегство.
– Поднесено е оштетно побарување од 5 милиони денари од првобвинетиот и 5 милиони денари од второбвинетиот. Овие суми се согласно просечните износи досудени за нематеријална штета за смрт на блиско лице според член 190 од Закон за облигации – изјави Шехтански за „Судство“
Повеќе детали за обештетувањето ќе има на 25 декември, за кога одбраната на обвинетите треба да се произнесе по ова прашање.
