Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато колкав хонорар добија професорите кои дебатираа за амандманските измени на Уставот

Познато колкав хонорар добија професорите кои дебатираа за амандманските измени на Уставот

Професорите кои како повикани експерти од Владата на Македонија да дебатираат пет дена на јавна расправа за измените на уставните амандмани добиле по 20.000 денари хонорар, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција.

Според гласноговорникот, услов за ангажманите не било само учество со свои видувања туку опфаќало и претходно изготвени стручни трудови кои требало да бидат презентирани пред јавноста.

Како што објави Пресинг ТВ, најверојатно се работи за осум експерти од кои било нарачано да подготват елаборација.

Владата ги испрати уставните амадмани до Собранието откако го слушна мислењето на експретите за нивната содржина. Сега на ред е матичната комисија за уставни прашања која најверојатно ќе почне со расправа на 17 декември. Таму се дава можност за поднесување на амадмани на амадманите.


Слично

Поврзани вести