Познато која е најпосетената институција во Македонија во 2018-та
Директорот Ѓорѓи Галетановски денеска истакна дека скопскатаа Зоолошка градина била најпосетаната јавна иснтитуција во Македонија за 2018 на давањето отчет за рабоатата во изминатата година на оваа установа.
- Посетеноста во однос на изминатите години е до четири пати повисока и го имаме епитетот на најпосетена институција во државата. Во месеците септември, октомври и ноември, Зоолошка градина Скопје забележа историски рекордна посетеност со над 30 000 посетители неделно - рече Галетановски, кој потсети дека на денот на премиерата на двете слоници во јавноста имало рекордна посетеност за еден ден ид 13.000 посетители.

Изминатите шест месеци биле постигнати договори за соработка и спонзорства со голем број на општествено одговорни компании од Македонија, се изградиле и нови реквизити за забава, како и детски игралишта во Зоолошка градина Скопје. Во текот на наредните месеци, планирани се неколку поголеми проекти како целосно чистење на големото езеро кое воопшто не било исчистено 13 години, изградба на живеалишта за фламинго и пингвини, пристигнување на зебри, антилопи и други егзотични животни во ЗОО Скопје. На пролет се очекува да биде готова и изградбата на Дино паркот каде што посетителите ќе имаат можност да видат 50 диносауруси во природна големина кои се движат и испуштаат звуци.
- Се надеваме дека 2019 година ќе биде година која ќе биде клучна за влез во ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми) и конечно после долгогодишно чекање ќе станеме рамноправна членка на оваа реномирана европска организација, наведе директорот на скопската ЗОО.
