Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато кој ќе ја реконструира Универзална сала за 2 милиони евра

Познато кој ќе ја реконструира Универзална сала за 2 милиони евра

Градежното проектантско трговско друштво Универзал-Балкан е избрано за носител на групата проектанти која за 2 милиони евра ќе изврши реконструкција на фасадата и кровот на Универзална сала, откако вчера договорото бепе објавен на регистарот за јавни набавки.

Вкупната вредност на договорот изнесува 115 милиони денари. Рокот на договорот изнесува три месеци, а операторот ќе треба да обезбеди 50 работници со полно работно време.

Договорот вклучува рушење и демонтажа на фасадата, но и на куполата, подовите и другите елементи, ископ, бетонирање, армирање, монтажа на челична конструкција, нанесување на фасадата. Универзална сала ќе добие нови врати, нов челичен лим на покривот и нова изолација.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата за овој култен објект во Скопје одвои средства во износ од 120 милиони денари. Ланските очекувања на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, дека оваа година Универзалната сала дќе биде готова за одржување на концерти. 

Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.

– Со обезбедените буџетни средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на овој објект во постоениот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На овој чекор се одлучивме после широката подршка која што јавноста ја даде за идејата да се сочува Универзалната сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата и за нова концертна сала со придружни други конгресни капацитети на друга соодветна локација, изјави Шилегов.

А.К.

Слично

Поврзани вести