Познато кој ќе го наследи Чадиковски на уредничкото место во ТВ 24
Огнен Јанески ќе биде новиот главен и одговорен уредник во Телевизија 24 вести.
Тој ќе го замени Младен Чадиковски кој пак застанува на чело на Здружението на новинари во Македонија.
Огнен Јанески седум години е дел од тимот на оваа телевизија и новиар со дологодишно искуство.
„Колектив е поим кој зацврстува и кон кој треба да се стреми секоја заедница, особено онаа - новинарската. Колектив е цел што се достигнува со заедништво. Колективот се живее. Тој, за нас е редакцијата... медиумот. Ова е нашиот колектив - Телевизија 24. А јас сум дел од него веќе цели седум години. Ви благодарам.- напиша синоќа на Фејсбук Огнен Јанески.
Слично
