Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато кој го заменува Кирацовски

Познато кој го заменува Кирацовски

Актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе го заземе местото на Александар Кирацовски.

Николовски ќе ја извршува функцијата генерален секретар на СДСМ а дали ќе ја задржи и министерската функција останува неизвесно.

Разрешувањето на Кирацовски доаѓа како последица на притисокот во јавноста откако за вработувањата на сестрата, бабата и дедото на генералниот секретар на СДСМ Државната комисија за спречување на корупцијата заклучи дека било вршено влијание. 

Но, Кирацовски негираше со образложение дека се работи за некоја грешка и дека не чувствува никаква одговорност.


Слично

Поврзани вести