Познато кој е првиот лик над кој Македонија и Бугарија ќе имаат еднакви права
Григор Прилечев е првиот историски лик над кој Македонија и Бугарија ќе имаат еднакви права. Ова е договорено на поседната средба на мешовитиот комитет за историја составен од македонски и бугарски експерти, согласно договорот за добрососедство постигнат во 2017-та, објави Канал 5.
Досега двете страни имале три заеднички средби, а следно на што треба да се обрне внимание е да се одреди и статусот на светите браќа - просветителите Кирил и Методиј.
Претходно, заедничката мултидисциплинарна комисија составена од експерти од Македонија и Бугарија предводена од професорите Ангел Димитров и Драги Георгиев постигнаа согласност за заедничко чествување на авторот Прличев и светите браќа Кирил и Методиј.
Слично
