Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато кога Владимир Талевски ќе ја слушне пресудата за „Транспортер“

Познато кога Владимир Талевски ќе ја слушне пресудата за „Транспортер“

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски, на 31 март ќе ја слушне првостепената пресуда за случајот „Транспортер“, предмет кој го отвори поранешното СЈО.

Судијката Добрила Кацарска за овој термин ја закажа пресудата за случајот кој изминатиот период беше во завршна фаза со дадени завршни зборови.

Во „Транспортер“, покрај Талевски, обвинети се и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.



Слично

Поврзани вести