Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато кога Македонија ќе добие столче во НАТО

Познато кога Македонија ќе добие столче во НАТО

На протоколот за НАТО потпис треба да се стави или оваа или следната недела .

Ова станува јасно од денешната изјава на министерот Никола Димитров кој истакна дека откако се случи тоа и откако Протоколот за НАТО се врати во Грција на ратификација во Парламентот а потоа ќе го ратификуваат и другите земји, Македонија ќе го добие столчето во Алијансата.

Меѓу првите земји , како што кажа Димитров прва ќе стави потпис Литванија. Денеска токму министерот за надворешни работи на таа земја во во посета на Македонија.

Македонија право на глас ќе добие откако ќе се потпише Вашингтонската повелба на НАТО.

Процедурите велат дека Преспанскиот договор треба да биде испратен во ОН каде треба да добие потврда од Советот за безбедност дека е решен спорот за името. 

Слично

Поврзани вести