Познато кога и каде ќе биде денешната средба на Заев и Ахмети
Во денешното соопштение СДСМ ја информира јавноста дека претседателот на партијата Зоран Заев ќе ја одржи последната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за постигнување на договор за формирање на нова Влада во 14.00 часот во Клубот на пратеници.
-Ве известуваме дека денеска (18.08.2020, вторник) во 14.00 часот претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, заедно со генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби ќе одржат средба во Клубот на пратеници.По средбата, претседателот на СДСМ Заев и претседателот на ДУИ Ахмети ќе дадат изјава за медиумите, соопшти СДСМ.
Според последните информации кои доаѓаат од финишираните преговори, на ДУИ ќе му припаднат Министерството за финансии, за надворешни работи и за администрација, додека Никола Димитров, досегашниот министер за надворешни работи ѓе биде министер за правда.
Фатмир Бесими висок партиски член на ДУИ ќе биде новиот министер за финансии, брифираат извори на Фактор. Бесими ќе седне на местото на досегашната министерка Нина Ангеловска откако по поделбата на ресорите меѓу СДСМ и ДУИ, било договорено ова министерство да му припадне на албанскиот коалиционен партнер.Овие информации се наши и не се уште потврдени.
