Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато кога Џафери ќе го распише референдумот

Познато кога Џафери ќе го распише референдумот

Дел од медиумите повикувајќи се на партиски извори од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ пишуваат дека референдумот ќе биде рапишан во понеделник.

Иако референдумското прашање уште не е дефинирано, сите досегашни излагања на премиерот алудираат на формулацијата „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.

Ако референдумот се распише во понеделник, тогаш ќе биде точно тврдењето на Заев: тој да се одржи на 30 септември. 

Власта е расположена и за 7 или 14 октомври, но само доколку тоа значи договор со ВМРО-ДПМНЕ, а подготвена е да излезе на терен и без учество на опозицијата. 

Слично

Поврзани вести