Познато како ќе се викаат двата нови предмети од новата концепција на Царовска
„Човекот и општеството“ и „Историја и општество“ ќе се викаат двата нови предмети во основното образование според новата концепција за реформи чија дебата вчера започна во Собранието, во која многу страни не се согласуваат со истата.
Првиот предмет е оној интегрираниот по општествени науки од прво до трето одделение, додека вториот е за учениците од четврто до деветто одделение.
Ова го изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска во емисијата „Само интервју“.
Таа ја убедува јавноста дека од септември ќе има подготвени учебници за прво и трето одделение, односно во оние генерации каде е планирано да почне реформата.
Слично
