Познато каде Пендаровски ќе оди за Илинден
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, кој за прв пат ќе го чествува Илинден како шеф на државата оваа година, за националниот празник „Денот на републиката“ на 2 агвуст ќе остане во Скопје и ќе оддаде почит пред споменикот на Методија Андонов Ченто на градскиот плоштад.
Потврдено е и за претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој уште вчера рече дека за Илинден ќе се обрати во Пелинце.
Од кабинетот на премиерот Зоран Заев веќе соопштија уште минатата недела дека претседателот на Владата ќе одржи на Мечкин Камен во Крушево.
Слично
