Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато каде е Ѓоко Ристов, судијата кај кого беа пронајдени соѕидани 350.000 евра

Познато каде е Ѓоко Ристов, судијата кај кого беа пронајдени соѕидани 350.000 евра

Судијата од Апелационен суд Скопје,Ѓоко Ристов,во чиј дом во Неготино беа пронајдени соѕидани 350.000 евра како осомничено лице попладнево се наоѓа во Обвинителството.

Претходно, три дена медимите не можеа да добијат никаква информација за тоа каде се наоѓа осомничениот и длаи воопшто е во земјата.

Според 4NEWS, судијата осомничен за корупција се наоѓа во просториите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според информациите што ги дознава 4NEWS, јавниот обвинител бара од судијата да му биде одземен пасошот и да му биде определен куќен притвор додека трае постапката.

Од ОЈО нагласуваат дека постапката е сложена и обемна, и дека се преземаат сите мерки за целосно документирање на настанот, како и за утврдување на сите околности околу пронајдените средства.

Ристов минатата недела заминал на боледување, по што неговите колеги повеќе не го виделе, а јавноста остана во неизвесност околу неговата локација и мерките кои ќе се преземат.


Слично

Поврзани вести