Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато е зошто се зголеми бројот на заразени во Тетово

Познато е зошто се зголеми бројот на заразени во Тетово

Комисијата за заразни болести ја следи состојбата во Тетово по зголемениот број на заразени со коронавирусот. 

Министерството за здравство соопшти дека по зголемување на бројот на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, за период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба  и е во комуникација со локалниот Центар за јавно здравје. 

Зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти. 

Министерството за здравство апелира, граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.

Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид центарот во КБ Тетово. Досега не е детектиран делта сој на СарсКов2, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид позитивни од јуни.

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 11, Скопје и Куманово  – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1.

 foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести