Познато е колку патници од Скопје во Финска допатувале заразени со коронавирус
Во Финска од Скопје пристигнале вкупно 43 позитивни патници на Ковид-19.
Сите 115 патници кои во саботата слетале од Скопје во Турку, Финска, се префрлени во карантин.
Градот Турку во саботата објави дека 95 проценти од патниците по слетувањето се тестирани за присуство на коронавирусот и вчера вечерта 12 од нив добиле позитивен резултат.
Турку во југозападна Финска почна да ги тестира сите патници што доаѓаат од летови од Скопје на 8 август.
Тестирани се патници од 3 лета од главниот град на Македонија и вкупно инфицирани со Ковид 19 биле 43 патници.
Наредбата за изолација е одлука на инфектолог од градот Турку.
Оние патници на кои ќе им биде наложена мерка карантин, имаат дозвола да го користат јавниот превоз за неопходни патувања, но со задолжителна прекривка на устата и носот.
Вакви неопходни патувања се на пример, посета на доктор или патување од самиот аеродром до дома по летот.
На позитивните пациенти им се забранува да одат на работа, во училиште, градинка, во продавници или други јавни места за време на изолацијата.
