Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗНАТО Е КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА ЦКБ БАНКА - доби согласност и од Народна банка, а ќе зема надомест од 1.500 евра месечно

ПОЗНАТО Е КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА ЦКБ БАНКА - доби согласност и од Народна банка, а ќе зема надомест од 1.500 евра месечно

Познато е кој ќе биде нов член на Надзорен одбор на Централна кооперативна банка, а тој веќе доби за таа функција и претходна согласност од монетарната власт во земјава. 
Станива збор за Јордан Борисов Христов, кој кон крајот на минатата година бил избран на оваа позиција, а сега го добива и потребниот сертификат од централната банка. 
„На 22 јануари оваа година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Јордан Борисов Христов да биде именуван за член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје за период од четири години“, се вели во објавата која Централна кооперативна банка ја сподели со инвеститорската јавност преку Македонската берза.

А, како што Фактор има пишувано минатата година, за ноември беше закажано вонредно Собрание на акционерите, на кое токму именувањето на нов член на НО беше ставено како точка на дневен ред, Тогаш не беше обзнането името на членот на ова високо тело во ЦКБ, но затоа она што се дозна е дека тој ќе зема надоместок од 1.500 евра месечно.

Тогаш беше објавено и дека новиот член на Надзорниот одбор ќе биде именуван со мандат во траење од четири години, откако претходно ќе добие согласност од гувернерот на Народна банка на Македонија. 

Во образложението зошто се свикува ова вонредно собрание за да се избира нов член на Надзорен одбор, тогаш банката наведе дека причина е што престанал мандатoт на еден од членовите на Надзорниот одбор на Банката, поради поднесена оставка.

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести