Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато е кога Преспанскиот договор ќе се ратификува во грчкиот парламент

Познато е кога Преспанскиот договор ќе се ратификува во грчкиот парламент

Грчкиот европратеник и шеф на делегацијата на Сириза, Димитриос Пападимоулис е убеден дека по успешен референдум и изгласани уставни промени, во март Грција ќе го ратификува договорот за името. 

Вели дека компромисот опфаќа чувствителни теми за двете земји и затоа треба да се стави крај на труење на младите со национализам.

Тој е сигурен дека и левичарските и десничарските партии ќе дадат поддршка за имплементација на договорот. 

„Немам никакви сомневања, сигурен сум дека доколку вашата држава го ратификува Преспанскиот договор, а со тоа ги направи и сите потребни уставни промени, тогаш грчкиот парламент ќе го ратификува договорот. Ова што го кажа спикерот на грчкиот парламент, ми дава за право дека тоа ќе се случи следниот март“ - изјави Пападимоулис, потпретседател и пратеник во Европскиот парламент.

Мешовитиот парламентарен комитет МК-ЕУ вчера го одржа својот 15. состанок под заедничко претседавање на Алојз Петерле, европратеник од Словенија и Горан Милевски, пратеник и претседател на ЛДП.

Пратеничката од грчката партија Нова демократија, Марија Спираки, рече дека таа никогаш нема да го признае постоењето на македонската нација и македонскиот јазик.

Слично

Поврзани вести