Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато е какво лето ќе имаме

Познато е какво лето ќе имаме

Ова лето некаде ќе донесе пекол, а некаде потоп. 

Во најновиот извештај кој го објавилa „Weather Company" на IBM, а го пренесува „Reuters", ова лето за поголемиот дел од Европа ќе биде потопло, но и повлажно од просечното.

Во нашите краеви, барем како што стои во извештајот, се очекува потопло и посуво време од вообичаеното.

Во извештајот има и прогноза за мај, така што според најновите податоци овој месец ќе биде постуден од просечната вредност. Така мај во Британија и јужните делови на Скандинавија ќе биде потопол и посув, а слично нешто се очекува и во Германија. Меѓутоа, обратна ситуација имаме во југоисточните делови на Европа, каде се очекуваат многу повеќе врнежи од просекот и пониски температури.

Количината на врнежи во јуни и јули, ќе биде над просекот. 

„Ова лето најмногу ќе има распространети горештини, а посебно во централните и источните делови на Европа", стои во извештајот.

Во јуни, во Британија и во Скандинавија се очекува постудено време со многу врнежи. Германците ќе уживаат во потопол јуни ако се на југ, но ако се на север ќе им биде постудено. На југоистокот на Европа, се очекува јуни да биде потопол, но и повлажен од просекот.

Слична е прогнозата и за јули.  Почести врнежи се најавени за Германија и делови на Британија и Скандинавија. 

Слично

Поврзани вести