Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познато до кога ќе се ратификува договорот

Познато до кога ќе се ратификува договорот

Владата вчера го усвои, а потоа и го достави до Собранието „Предлогот на закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995. година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“. 

За ратификацијата на договорот со Грција во Собранието е потребно просто мнозинство од 61 пратеник. 

„До петок, или најдоцна до сабота, ратификацијата ќе помине во парламентот“ изјави  претседателот на парламентот, Талат Џафери, за Дојчпе Веле.

Роковите се многу важни, бидејќи ратификацијата на договорот е услов што треба да го исполни Македонија, за да може Грција со писма да ги извести ЕУ и НАТО дека е надмината најголемата пречка за продолжување на интеграцискиот процес на Македонија. 

Во случајов, клучно е тоа да се случи пред почетокот на самитот на Европскиот совет кој се одржува на 28 и 29 јуни, односно самитот на НАТО (11 и 12 јули), имајќи ги предвид очекувањата на Македонија да добие датум за почеток на преговори со Унијата, и покана за членство во Алијансата.


Слично

Поврзани вести