ПОЗНАТИТЕ КУКЛИ „ЛАБУБУ“ НА УДАР: Крадци ограбуваат продавници за да ги продаваат на црно
Група крадци провалиле во продавница во Лос Анџелес и украле кукли од Лабубу.
Штетата се проценува на неколку десетици илјади долари. Сепак, не е прецизирано колку кукли точно недостасувале, а проценетата вредност варира во зависност од методот на продажба или препродажба.
„Вкупната вредност на украденото е околу 30.000 долари или повеќе. Работевме напорно за да го постигнеме овој успех, а тие едноставно дојдоа и зедоа сè како ништо да не се случило“, рече Џоана Авендано, ко-сопственичка на ограбената продавница.
Авендано, како што пишува британски Гардијан, изјавила дека кражбата била планирана бидејќи крадците ја заобиколиле другата стока во продавницата и конкретно се фокусирале на куклите Лабубу.
Таа исто така рекла дека сомнително возило било паркирано пред продавницата во ноќта помеѓу вторник и среда и дека се сомнева дека крадците ја следеле сметката на продавницата на социјалните мрежи, бидејќи штотуку бил најавен нов прилив на кукли Лабубу, кои брзо се продаваат.
Полицијата на округот Лос Анџелес потврди дека реагирале на инцидентот во 1:29 часот по локално време и дека случајот во моментов е под истрага.
„Украдени се неколку кутии со кукли Лабубо, во вредност од приближно 7.000 долари“, изјави полицијата на округот Лос Анџелес за NBC News.
Според веб-страницата на продавницата, куклите Лабубу чинат до 500 долари по парче.
Големата побарувачка доведе до значително зголемување на цените на црниот пазар, каде што куклите се препродаваат за неколку илјади долари, додека има и зголемување на фалсификатите, објаснува Гардијан.
Surveillance camera catches masked thieves hit a California toy shop, swiping $30K in hot-ticket Labubu dolls
— Daily Know (@xDaily_Know) August 8, 2025
pic.twitter.com/R8YiRvuL5j
Б92
