Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познати три имиња прифатливи за Албанците и за Македонците кај владеачката коалиција

Познати три имиња прифатливи за Албанците и за Македонците кај владеачката коалиција

Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се наоѓаат десет имиња за кои во моментов се прават анкети. Меѓу нив се пет имиња што на анкетите добиле поддршка од сите етнички заедници во земјата.

На таа листа се наоѓаат Имер Селмани, поранешен вицепремиер и министер за здравство и Теута Арифи, поранешна вицепремиерка за европски прашања и сегашна градоначалничка на Тетово.

„Се истакнуваат 5 кандидати, оние што се повеќе присутни во јавноста и што се познати“ кажа Заев

Меѓу кандидатите е актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, за кој на новинарско прашање дали има поддршка од Албанците, Заев рече дека министерот за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор има поддршка од сите етнички зедници.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по завршувањето на средбата  рече дека не разговарале за конкретни имиња.

„Не мислам дека треба да дадам мислење како претседател на партија, без да имам детална анализа за процесот да биде успешен”, одговори Ахмети на прашањето дали Никола Димитров е прифатлив како консензуален кандидат.


Слично

Поврзани вести