Познати советниците на четворицата вицепремиери: Груби го советуваат навивач на Шкупи и пејач
Артан Груби, првиот вицепремиер и министер за политички систем, го советуваат Омер Буњаку, предводник на навивачката група „Шверцери“, познат уште по тоа што учествувал во фамозните тепачки на Кале и по кршењето на опрема на ди-џеј кој пуштал македонска музика во Старата скопска чаршија, како и пејачот Шпат Касапи.
„Призма“ ги објави имињата на советниците во кабинетитет на четворицата вицепремиери од Владата, меѓу кои покрај Груби, се уште и Никола Димитров за евроинтеграции, Љупчо Николовски за борба против корупција и Фатмир Битиќи за економски прашања.
По завршувањето на огласот, Николовски почнале да го советуваат Иван Тодоровски и Александра Ковачева. За посебни советници во кабинетот на Битиќи, пак, избрани биле: Александар Талимџиоски и Ана Трпеска. Во Кабинетот на Никола Димитров, пак, работат Кристина Димовска и Елена Пресилска.
