Познати првите банкноти кои ќе го „променат името“
Банкнотите од 10 и 500 денари први ќе го променат името, односно на нив ќе го пишува називот на „Народна банка на Република Северна Македонија“.
Одлуката на централната банка веќе е објавена и потпишана од гувернерката Анита Ангеловска - Бежовска.
Инаку, Венецијанската комисија треба да даде мислење дали според променетиот Закон за јазици може на банкнотите да го има и албанскиот јазик.
Слично
