Познати имињата на гостите кои ќе му направат чест на Пендаровски
Денеска Стево Пендаровски точно напладне ќе даде свечена заклетва во Собранието како нов претседател на Македонија, а на инаугурацијата ќе присуствуваат државници од странство со кои подоцна ќе оствари средби.
Потврдени се претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово - Александар Вучиќ, Румен Радев, Илир Мета и Хашим Тачи. Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, ќе го претставува јужниот сосед, а Пендаровски билатерални средби треба да има и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.
Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.
