Познати детали од протоколите за учениците: Редари ќе има на секој чекор, ќе нема поздравување
Покрај задолжително носење на маски, мерење на температура и дезинфекција пред влез, од септември кога сите основци и средношколци ќе се вратат во училишните клупи, како превенција во објектите ќе бидат забранети секакви контакти за поздравување меѓу вработените и меѓу наставниците, а редари постојано ќе внимаваат дали се почитуваат мерките.
Ова неофицијално го дознава ТВ Сител кој има детали од протоколите за наставната година од 1 септември кои треба да се најдат на дневен ред на следниот состанок на Комисијата за заразни болести.
Во истите се вели дека не смее да има мешање на ученици од различни паралелки а тоа ќе важи и за кабинетската настава каде просторијата по излегувањето на едната група ученици ќе мора да биде дезинфицирана пред да влезе другата.
Посебен надзор ќе има и за училишните трпезарии и фискултурните сали во кои во исто време може да има само едно одделение.
Инаку Владата подготвува три сценарија за тоа како ќе се одвива учебната година 2021/2022, за кои ќе одлучува Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката состојба, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска
