ПОЗНАТАТА БЕЛГРАДСКА АДВОКАТКА ДОБРИЧАНИН ЗА МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: „Можеби некој се одмаздува на таткото на девојчето“
За настанот кој
го потресе целиот Балкан, денеска проговори и една од најпознатите адвокатки во
Белград, Зора Добричанин, која за српска Република даде свое видување за
мноструозното убиство на 14-годишното девојче Вања и велешанецот Панче
Жежовски. За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, које е еден од осомничените
за ова кривично дело, Добричанин вели:
- Згрозен сум, не можам ни да замислам дека татко би направил такво нешто. Самата помисла дека има индиции дека е вмешан во овој случај ме згрозува. Не е прв пат по разводот луѓето да минуваат низ се и сешто, поранешните сопружници сакаат да се светат еден на друг, а децата страдаат. Сепак, ова оди подалеку од се, беше убиено невино 14-годишно дете.
Добричанин го коментираше и фактот дека исто лице е осомничено за две убиства, но дава можност и за трговија со органи.
- Може да се работи за организирана криминална група, информацијата дека ги фатила паника можела да дојде од некој од нив, ако е тоа точно, тогаш имале слаба алка. Отворена е можноста да се работи за трговија со органи, особено што органите од нашето подрачје се на цена. Мотивите се важни за органите на прогонот, а единствено што сега е важно е дека девојчето веќе го нема, а го нема ниту повозрасниот човек. За вакво кривично дело на сторителите им се заканува доживотен затвор - изјави Зора Добричанин за Репиблика.рс и додаде дека целта што наводно ја имале осомничените, според неа, нема смисла:
- Целта да се продаде девојчето на нејзината мајка нема смисла. Мислам дека се работи или за нарачано убиство или трговија со органи. Обдукцијата ќе утврди дали тоа е вистина или не, дали некој од органите недостасува или не. Разговарав со колегите, тоа ни е најсомнително, но лесно ќе се утврди. Не би се согласила само со мислењето дека таткото е вмешан, потребни се повеќе докази, можеби некој сака му се одмазди. Не можам да најдам логична причина за убиството на девојчето кое наводно било киднапирано за пари. Што и да тргнало наопаку, сите знаат дека убиството носи сериозна казна. Има уште многу работи да се утврдат, ќе видиме до каде ќе ги одведе истрагата надлежните органи и како ќе заврши случајот - заклучи Зора Добричанин за Република.
ФОТО: YouTube Print Screen