Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позната сумата и бројот на адвокати исплатени за бесплатна правна помош

Позната сумата и бројот на адвокати исплатени за бесплатна правна помош

 Во текот на 2017 година до подрачните одделенија биле поднесени вкупно 134 барања за остварување на правото на бесплатна правна помош, се вели во годишниот извештај доставен до пратениците во Собранието на РМ.

Во периодот од 1.1.2017 година до 31.12.2017 година донесени се 113 решенија. Бројот на одобрените барања изнесува 74, а бројот на одбиените барања изнесува 39.

Од одобрените барања, 57 барања се поднесени од жени, додека од мажи се поднесени 18. Од одбиените барања 27 се поднесени од жени, додека од мажи се поднесени 13 барања. Во текот на 2017 година донесени се 13 решенија за запирање на постапката.

Воедно, во 2017 година поднесени се 24 барања за бесплатна правна помош од лица баратели на право на азил, од кои за 8 е донесенo решение за запирање на постапката, додека за другите постапка е во тек.

За давателите на претходна правна помош и правна помош во судски и управни постапки, Министерството за правда води регистри кои се објавени на неговата интернет-страница.

Во Регистарот на адвокати за давање на правна помош запишани се нови 20адвокати, по што вкупниот број на запишани адвокати за давање на правна помош до крајот на 2017 година изнесува 338.

Од Буџетот на Министерството исплатени се вкупно 1.386.297,00 денари на 30адвокати и на 6 овластени здруженија вклучени во постапката на давање на бесплатна правна помош.

На овластените здруженија за дадена претходна правна помош извршена е исплата на средства во износ од 26.400,00 денари, а исплатената награда  на адвокатите за дадена правна помош изнесува 1.359.897,00 денари.

Доверител, односно должник за наплата на трошоците во постапка на извршување, во согласност со Законот за извршување, е Република Македонија, односно Министерството. Барањето за извршување го поднесува Министерството. Вакви случаи во досегашната примена на Законот не се појавиле.


Слично

Поврзани вести