Позната причината зошто шоферот на Ахмети бил приведен пред пет дена
Пред пет дена се случило приведувањето на шоферот на Али Ахмети а овој случај го има во извадокот од дневните настани на сајтот на МВР на 26.12.2018.
Веста денеска во медиумите за приведувањето на Ш.И. ја пренесе албанскиот медиум „Алмакос“.
Како што е соопштено на 25.12.2018 година во 21,40 часот во Полициска станица Карпош е приведен Ш.И.(44) од село Зајас, кичевско, поради сомнение дека на патничкото моторно возило "Ауди" кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
