Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позната е причината за труењето на децата од градинката во Куманово

Позната е причината за труењето на децата од градинката во Куманово

Салмонела во мајонез е причината за труењето на децата од кумановската градинка „Ангел Шајче“. 

Мострите земени од Агенцијата за храна и ветеринарството, покажале присуство на салмонела во пакување од мајонез, а од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека лабораториските испитувања потврдиле салмонела кај 31 дете. Од Општа болница Куманово велат дека децата се во подобра здравствена состојба, на болничко лекување се три од затруените. Кујната во градинката останува затворена, а градоначалникот  Максим Димитриевски најави дека ќе бара одговорност за случајот.

foto angelsajce.mk

Слично

Поврзани вести