Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позната домашната временската прогноза за новогодишната ноќ: Ниту снег, ниту минусни температури

Позната домашната временската прогноза за новогодишната ноќ: Ниту снег, ниту минусни температури

На новогодишната ноќ ќе има врнежи од снег само на највисоките места. На пониските места, според метеоролозите, времето ќе биде суво, додека во западниот дел ќе има услови за слаб дожд.

Од хидрометеоролошката управа информираат дека во текот на новогодишната ноќ во повеќето делови од земјава времето ќе биде суво, освен во западните делови каде времето ќе биде облачно со услови за појава на слаб дожд и снег на некои места. Минималната температура ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари на некои места ќе се спушти до минус два, додека највисоката ќе биде до три степени. На првиот ден од новата година температурата ќе се движи помеѓу 8 и 13 степени.

Од утре до наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со периоди на сонце повеќе на исток и умерен до засилен ветер на југ, додека во западните делови со привремен дожд, а снег ќе има само на највисоките места.

Дневните температури во текот на целата недела ќе се движат од пет до 16 степени.


Слично

Поврзани вести