Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗНАТ ТЕРМИНОТ НА ПОСЕТАТА НА ШОЛЦ ВО МАКЕДОНИЈА: Германскиот канцелар на турнеја низ Западен Балкан

ПОЗНАТ ТЕРМИНОТ НА ПОСЕТАТА НА ШОЛЦ ВО МАКЕДОНИЈА: Германскиот канцелар на турнеја низ Западен Балкан

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја почнува турнејата на Западен Балкан. Во еднодневна посета ќе престојува и во Македонија, а ќе пристигне во сабота.

„Ве известуваме дека на 11 јуни 2022 година (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе го пречека канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, кој ќе пристигне во еднодневна официјална посета на нашата земја, се наведува во владиното соопштение.

Според агендата за посетата, официјалниот пречек на платото пред Владата е во 8:30 часот, а потоа следува билатерален состанок на двете делегации. Програмата за посетата предвидува и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц во 9:45 часот, известуваат од Владата.


Слично

Поврзани вести