Познат списокот на седумте ноќни клубови во кои упадна МВР
„Сектор“ „Централ парк”, „Батлер”, „Хавана”, „Епицентар”, „XL”, „Маракана” се имињата на ноќните клубови и дискотеки во кои викендов МВР упадна во доцните вечерни часови и ги прекина забавите, објави „Слободен печат“.
– Кај поголем дел од локалите немало ништо пронајдено, а немаше ниту отпор кон полициските службеници на превземање на службени дејствија – вели извор на „Слободен печат”.
Извршената акциска контрола во угостителските објекти во Скопје викендов, предизвика дебати на Фејсбук околу тоа дали полицијата била брутална во извршување на контролата или не. Откако неколкумина беа уапсени, оваа тема стана главна на интернет.
Слично
