Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познат Скопјанецот кој ќе биде газда на 1ТВ

Познат Скопјанецот кој ќе биде газда на 1ТВ

Извесен Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1ТВ, пренесуваат дел од медиумите.

Како што се наведува, се работи за 77 годишен Скопјанец, кој живее во скопската населба Кисела вода .

Тој во Управата за јавни приходи (УЈП) фигурира како нов сопственик на телевизијата телевизијата на Бојан Јовановски.

Сепак во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.

Вчера пак од УЈП соопштија дека пред нив се појавило физичко лице кое се претставило како нов сопственик на 1ТВ.

 Ова го потврди УЈП, а истото се случило кога се чешлала документацијата на телевизијата во сметководственото биро. Од таму не сакаат да го откријат идентитетот, освен дека се работи за физичко лице, а не за правен сублект.

Управата за јавни приходи соопшти и дека ќе поднесе кривични пријави против Бојан Јовановски - Боки 13, како претседател на Меѓународниот сојуз, против татко му Миле Јовановски, кој е управител на БМЈ, фирмата основач на 1ТВ, Јасна Мандиќ која е управител на 1ТВ и управителот на Томато продукција. Тие затаиле данок од над 20 милиони денари.

Слично

Поврзани вести