Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познат кандидатот за претседател поддржан од Алијансата и Беса

Познат кандидатот за претседател поддржан од Алијансата и Беса

Блерим Река, универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, ја објави својата кандидатира за претседател на Македонија на следните избори, а се верува дека ќе биде поддржан од албанските опозициски партии - Алијансата за Албанците на Зијадин Села и Беса на Билал Касами.

-Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, интелектуалците само пишуваат за историјата, пишува професорот Река во својот профил.

Инаку премиерот Зоран Заев имаше средба со Касами за евентуален договор околу можноста да се избере консензуален кандидат за претседател, додека до состанок со Села не дојде. 

Кандидатурата на Река би можела да предизвика напнатост кај ДУИ кој веќе се договори со СДСМ за заедничка поддршка на еден кандидат, но во овој случај гласовите кои ќе одат на контото на Река во првиот круг ќе се сметаат како гласови за политичките ривали на партијата од Мала Речица.

Слично

Поврзани вести