Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАСТРЕЛАНИТЕ ВО СКОПСКА ЧАРШИЈА, полицијата се уште трага по сторителите

ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАСТРЕЛАНИТЕ ВО СКОПСКА ЧАРШИЈА, полицијата се уште трага по сторителите

По синоќешната престрелка во Старата скопска чаршија во која беа застрелани три лица, при што две од нив ги изгубија животите, а еден е пуштен на домашно лекување, медимите јавуваат дека станува збор за лица познати на полицијата. 

Двете убиени лица, како што неофицијално се пренесува се Јетон Кривањева и Енес Исени. 

Ј.К. и Е.И. им подлегнале на раните на самото место, додека има и трет ранет кому му била укажана лекарска помош

Тече увидот на местото на двојното убиство што вечерва се случи во угостителски објект во Старата скопска чаршија.

Покрај големиот број полицајци и полициски автомобили, на местото на настанот пристигнаа и неколку полициски комбиња кои едно по едно се пропуштаа покрај полицискиот кордон на улицата помеѓу Калето и Чаршијата.

Во близина на местото на настанот, каде што има полициска барикада, покрај бројните новинарски екипи, набргу по убиството се собрале и граѓани.

Видео од местото до каде полицијата дозволува да се доближат новинарските екипи можете да погледнете во продолжение.


Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи вчера вечерта изврши увид на лице место во угостителски објект во кој во оружен инцидент убиени се две лица, додека едно е повредено.

- Според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.

Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите - соопштуват од Јавно обвинителство.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА​

Слично

Поврзани вести