Економија, финансии, бизнис

Контакт

Познат идентитетот на убиениот во Тетово

Познат идентитетот на убиениот во Тетово

42-годишниот Атик Авдија е убиената жртва во ладнокрвоното убиство што се случи синоќа пред полноќ во кафуле во близина на Клиничка болница во Тетово. 

До убиството, според соопштението на полициските службеници, дошло додека сторителот и тројца други пиеле акохол на иста маса. Откако станале за да го напуштат местото, лицето со иницијали Л.Д. (46), вперил пиштол и пукал во 42-годишниот Авдија од Тетово. 

Според МВР, сторителот и друго лице сами се предале на полициската станица, додека две други лица подоцна биле уапсени од страна на полицијата. 

Сопственикот на кафулето, кој не сакал да зборува пред камери, за Алсат рекол дека меѓу гостите немало жестока кавга додека седеле на масата.


Слично

Поврзани вести