ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ПОЧИНАТАТА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА ВО СТРУМИЦА: телото предадено на обудкција
Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината повозрасна жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица.
Според полицијата, станува збор за Л.К.(71) од село Едрениково, струмичко, без знаци на живот.
- Лекар од Итната медицинска помош Струмица констатирал смрт, а увид изврши екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатата е дадено на обдукција - соопштија од СВР Струмица.
Веста првично ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица.
Слично
