Познат идентитетот на безживотното тело во Охридско Езеро
Вчера(13 мај) во 09.55 часот во водите на Охридското езеро помеѓу с.Подмоље, охридско, и место викано „Оровничка плажа“, на неколку метри од брегот, било пронајдено тело на машко лице. Со дополнителни информации од МВР излегоа денес.
Се работи за Б.Ј. (54) од с.Куратица, охридско.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Слично
