Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗНАТ ХИРУРГ БИЛ ПРЕГАЗЕН, СЕГА Е ВО БОЛНИЦА - несреќата ја предизвикал малолетник

ПОЗНАТ ХИРУРГ БИЛ ПРЕГАЗЕН, СЕГА Е ВО БОЛНИЦА - несреќата ја предизвикал малолетник

Синоќа во 20 часот и 30 минути, познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота бил прегазен на крстосницата од булевар Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски Марко и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза.

„На 25.02.2021 во 20,30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.“Мајка Тереза“ и ул.“Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило “БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16 годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Хирургот доктор Ѓорѓи Јота е на возраст од 58 години.
Од МВР велат дека малолетникот кој ја предизвикл несреќата, не успеал да избега.

Слично

Поврзани вести