Позитивни на Ковид-19 тројца доктори на Клиниката за пулмологија
На Клиниката за пуломолгија со корона вирусот се заразени уште тројца лекари, потврди директорот, Дејан Докиќ за некои медиуми. И покрај нашите обиди, да го контактираме, до сега не добивме одговор од професорот Докиќ.
Инаку, според неговата изјава здравствените работници на Клиниката за пулмологија не се заразени од пациенти, туку медицинска сестра од Куманово е преносителот. На оваа клиника вкупниот број на заразени медицински лица сега изнесува 7.
Слично
