Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позитивни луѓе и совршено расположение – Граѓаните го гушнаа ГТЦ

Позитивни луѓе и совршено расположение – Граѓаните го гушнаа ГТЦ

Упатувајќи порака дека нивната желба е ГТЦ да остане со стариот лик сегашниот изглед на објектот, илјадници позитивни луѓе совршено расположени синоќа симболично го гушнаа ГТЦ.

gtc guska

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар очекува масовна излезенот на референдумот.

gtc guska1

- Ова е граѓански референдум и нема никаква врска со политика и денешното присуство покажува дека сериозен одѕив на референдумот. Очекувам да има повторно некакви нивни модели на притисоци и бојкотирање, но јас сум сериозен оптимист за во недела – посочува Жерновски.

gtc guska3

Граѓаните кои синоќа беа дел од симболичното гушкање сметаат дека ГТЦ е нераскинлив дел од нашата историја и се друго би било фалсификување на историјата.

gtc guska2

 На првиот локален референдум во независна Македонија, граѓаните на Центар во недела на 26 април ќе се изјаснат на прашањето „Дали сте за зачувување на сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.

gtc guska4

Слично

Поврзани вести