Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОЗИТИВЕН ПРЕСЕДАН ВО СОБРАНИЕТО“: Апасиев им се заблагодари на ВМРО и СДСМ за поддршката

„ПОЗИТИВЕН ПРЕСЕДАН ВО СОБРАНИЕТО“: Апасиев им се заблагодари на ВМРО и СДСМ за поддршката

Лидерот на Левица и претседателот на собраниската Анкетна комисија, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи изрази бладораност за поддршката која ја даде СДСМ, а потоа и ВМРО-ДПМНЕ по однос на поднесената иницијатива за надзорна расправа во врска со аерозагадувањето:

„Прва надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието и тоа во комисијата со која претседавам! Левица продолжува да прави преседани, ама позитивни.

Благодарност до сите кои ја прифатија нашата иницијатива. Конечно, ќе се дознае вистината за загаденоста и ќе се понесе политичка одговорност и мерки за надминување на труењето од кое сите патиме!” - напиша пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести