Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позитивен на коронавирусот е и Крешник Бектеши

Позитивен на коронавирусот е и Крешник Бектеши

Позитивен на коронавирусот е и министерот за економија Крешник Бектеши. 

Тој на Фејсбук информира дека е позитивен, но и дека се чувствува добро. Министерот тестот го направил утрово. Неговото  семејство исто така се тестирало, но тие се негативни.

„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на ковид-19 тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за ковид-19. Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик! Здравје и среќа за сите“, напиша Бектеши.

Во Македонија има 137 нови заразени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести