Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ - заменик директорот на кумановската болница ја објави веста

ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ - заменик директорот на кумановската болница ја објави веста

Меѓу новозаболените во Куманово кои се објавени денеска, е и заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи.

Исуфи објави дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

„По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен“, пишува Исуфи.

Тој апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, „секој од нас е одговорен за последиците“.

Слично

Поврзани вести