Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЗИТИВЕН ЧЕКОР Е ВРАЌАЊЕТО НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА КАФУЛИЊАТА: Нема да има неконтролирани собирања по 22.00

ПОЗИТИВЕН ЧЕКОР Е ВРАЌАЊЕТО НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА КАФУЛИЊАТА: Нема да има неконтролирани собирања по 22.00

Од денеска се враќа работното време на кафеаните и кафулињата, до полноќ, односно до 01.00 часот за време на викендите, што е препорака од Комисијата за заразни болести.

Оттаму сметаат дека ова е позитивен чекор, бидејќи во угостителските објекти многу полесно може да се врши контрола и да се запазат сите протоколи и мерки за заштита од ширењето на вирусот.

Инаку, по затворањето на кафулињата, огромен број млади луѓе, излегувањата ги продолжуваа по парковите, каде, како што велат епидемиолозите, контролата е многу потешка.

Во текот на вчерашниот ден, и градонашалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, потврди дека Градскиот парк во вечерните часови е преполн со луѓе, кои практично ниту носат маски, ниту пак ја почитуваат мерката за социјална дистанца. 


Слично

Поврзани вести