Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар во училиштето „Јан Амос Коменски“, учениците евакуирани

Пожар во училиштето „Јан Амос Коменски“, учениците евакуирани
Пожар избувнал утрово во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје, а учениците веднаш биле евакуирани од зградата. Според првичните информации, најверојатно се запалила столарската работилница во училиштето од заборавено вклучено грејно тело. Во пожарот нема повредени ученици или наставници, но учениците од првата смена биле вознемирени. Противпожарните екипи интервенирале со три возила и пожарот набрзо го ставиле под контрола. Причинета е само материјална штета - опожарена е просторија од околу 20 метри квадратни.
Слично

Поврзани вести