Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Е СТАВЕН ПОД ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА - надлежните се уште се на терен

ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Е СТАВЕН ПОД ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА - надлежните се уште се на терен

Утрово пожарот во фабриката во Трубарево е ставен под целосна контрола, јави првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. 

По скоро 8 часа борба со пламените јазици и бројните екипи на терен, најпосле и овој пожар е локализиран. 

- Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина - јави накратко Ангелов. 

Тој изрази голема благодарност до пожарникарите за брзата реакција, но и истакна дека успеале да спречат ширење на пожарот во дворови кои исто така имале пластичен отпад. 

- Благодарение на брзината и пожртвуваноста на скопските пожарникари како и одлично организираната и координирана акција, при справувањето со пожарот во Трубарево успеавме да спасиеме неколку објекти чиј двор но и самите објекти беа полни со пластичен отпад - укажа Ангелов.

Тој потоа укажа дека на местото каде што бил пожарот имало големи количини пластичен отпад. 

- Од она што можам да го забележам овде, се работи за големи бали со пластичен отпад, пластични шишиња и друг отпад, уредно спакувани. Пожарот е изгаснат. За жал, се уште имаме активно чадење. 

Делот каде што се наоѓаат литиумските батерии е затрупан со песок, на некои места е користена земја, онаму каде што нема литиумски батерии односно електронски отпад. Но, има чадење преку песокот и посипаната земја. За жал, чадењето се уште е силно, пожарникарите работат на навлажнување на песокот заради догаснување на пожарот, бидејќи ваков електронски отпад е исклучително тежок за гасење. Пожарникарите работеа во текот на целата ноќ - истакна Ангелов.

Соопшти и дека околу 2.30 часот добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму.

- Се гледаа одредени пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува од оваа депонија. Таму упативме една екипа на скопската противпожарна бригада која го изгасна огнот,  од кој постоеше опасност да го зафати главниот дел од депонијата. 

Сега состојбата во „Дрисла“ е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел бидејќи најмалку половина од местото коешто гореше во „Дрисла“ вчера е затрупано. Но, дел од механизацијата беше пренасочен и овде,  на големиот пожар во Трубарево - рече Ангелов. 

Како што соопштија вчера надлежните, пожарот изби некаде по 13.00 часот, а на терен веднаш беа испратени пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои обзнанија дека се борат со два опасни пожари, кои избувнале во близок временски интервал. 

Голем број пожарникари учествуваа во борвата со пожарот кој избувна во компанијата „Ф-Групација“ во скопско Турбарево. Во негово гаснење беа вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, но и екипи на ЦУК, ДЗС, ер трактор, хеликоптер од АРМ, дополнителна механизација од приватни компани...


Поврзани вести:

ОСТАНЕТЕ ВНАТРЕ, ЗАТВОРЕТЕ ПРОЗОРЦИ И АКО МОРА ДА ОДИТЕ НАДВОР НОСЕТЕ МАСКИ - се огласи Инситутот за јавно здравје

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО - прво се запалила фирмата „Ф-Групација“, потоа пламените јазици ги зафатиле соседните објекти

ПОЖАР ВО ТРУБАРЕВО - граѓаните револтирано споделуваат фотографии на социјалните мрежи

Која е „Ф-Групација“ чии објекти горат во Трубарево: Постои од 1998 година, а еве и каква е нејзината заработка низ годините

„ОТРОВНИТЕ ГАСОВИ МОЖАТ СЕРИОЗНО ДА ГО ЗАГРОЗАТ ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА И БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ“: Д-р Чибишев со предупредување


Слично

Поврзани вести